Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Распис на конкурс за фасадни мозаици на црквата Св. Цар Константин и Елена, Скопје (13.12.2013 21:52)

ВОВЕД

Црквата  Св. Цар Константин и Елена кој е во тек на изградба во центарот на град Скопје треба да е есенцијата од највисоките вредности на нашата култура и како соборен храм треба да е резултат од целокупната наша врвна  православна естетика и богата традиција на уметничкиот израз низ вековите до денес.

Од аспект на значајноста на позицијата “ИЗРАБОТКА НА  ФАСАДНИ МОЗАИЦИ” се  распишува конкурс за избор на уметник за истите.

 

ЗАДАЧА

Поради специфичниот карактер и значењето на мозаиците како ставка во фасадната обработка на објектот и поради потребата од виртуозност во изработката на мозаиците, одговорниот тим инсистира на продлабочен пристап при изборот на уметниците  кој би ги работела овие позиции. Во врска со ова  се предлагаат неколку чекори кои се сметаат за неопходни со цел да се постигне потребното ниво на изработка:

Конкурсот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел се однесува на  :

- разговор со уметникот,

- презентација на сопственото портфолио,

- презентација на своето искуство во византиската иконографија

- презентација на своето искуство во изработката на фрескоживопис и мозаици

- размислувања за извесни добри/лоши примери на мозаици со православен карактер

Практичниот дел се однесува на:

- израбока на парче мозаик , на  точно зададен  лик од светител, (Св. Климент од Перивлепта),  допојасна претстава во природна големина, со природни камчиња, без отстапки од цртежот, а со сопствена интерпретација во претворањето на  зададената фреска во мозаична форма.

 

ПРЕДУСЛОВ за избор на уметникот е претходно во целост  да ги познава каноните на православната иконографија, традициите и православната духовност,  да го работел тоа, да се занимавал со фрескоживопис (кој би имале  можност да го видиме во живо), како и да има искуство во изработка на мозаици во византиски стил (истиот како продолжение на традицијата на нашите цркви). Технички и технолошки да е образован и да има преглед врз историјата на православната уметност како низ вековите така и денес. Секој кандидат  треба да ги презентира своите размислувања и на според него светски добри примери од мозаици со православен карактер, да ги презентира своите знаења и размислувања и да ги сподели со одговорниот тим.

Станува збор за огромни површини кои временски не би можел еден уметник сам да ги изработи. Па оттука би се направил избор на Тајфа од уметници- мајстори во која одговорен Ќе биде најдобриот и најспособниот уметник.

Секој кандидат треба да даде реална понуда за цената на чинење на неговата работа.

Подготовката за овој конкурс би била  до 15 јануар, по што кандидатите Ќе бидат официјално известени од страна на Фондацијата за точното време  за интервјуа и презентации.

Важно е да се напомене значајноста на оваа позиција, заедно со фрескоживописот, кои треба да ја будат убавината на целокупниот објект, воедно заради нив постои и црквата како објект, како појавност, ако самиот објект е телото, тие се душата на црквата.

 

КОНТАКТ:

Македонска Православна Црква - Скопска Епархија

Фондација „Св. Цар Константин“

 
Бул. „Партизански Одреди“ бр.12
Скопје
Република Македонија
1000
info@spe.org.mk
 +389 2 32 30 780