Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“ (24.01.2014 14:39)

Неодамна излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“, посветен на подвигот на мачеништвото.

„Измачувајќи ги со секакви маки, ѓаволот секогаш наоѓа начини да им попречи на верните во нивната побожност. Започнува со мали внатрешни и надворешни вознемирувања, па сѐ до најголемото зло, смртта. Оттука, христијаните мораат секогаш да бидат подготвени да се соочат со целиот арсенал на злоба за да го истрпат храбро сето она што им се нанесува. Тоа можат да го постигнат само ако „се радуваат на она што им претстои“. Навистина е така! Штом ќе сфатиме дека небесните богатства се за верните, ќе можеме да кажеме дека „страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе се јави во нас“ (Рим. 8, 18). Каква е таа слава? Тоа е славата откриена од подвижникот на љубовта: „Сега сме чеда Божји, но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него (1 Јован 3, 2). Тогаш нашиот Исус ќе живее меѓу нас. Бог меѓу богови. Оти Oн право вели: „Јас реков, ‘Богови сте, синови на Севишниот, сите вие’" (Псалм 82, 6).“ (Старец Јосиф Ватопедски)