Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на Православието во Штип (09.03.2014 15:58)

На 09. 03. 2014 година, во првата недела од Великиот пост – Неделата на Православието, и на денот на празнувањето на првото и второто наоѓање на главата на свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со Неговото Високопреосвештенство надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Климент Охридски“ во нас. Сењак во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистостата на Православието според учењето на Светите Вселенски собори и светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитите г. Јосиф и г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и извршија Молебен за обраќање на оние кои заблуделе и отпаднале од Православната Црква, а потоа православниот верен народ се поклонува и ги бакнува иконите во знак на победа на Православието и враќањето на светите икони во употреба. На крајот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф за отслужената Света Литургија во Брегалничката епархија.

 

      

 

     

 

      

 

     

Извор: Брегалничка епархија