Света Петка, Скопје (01.01.2005)
Во текот на новогодишната ноќ, според традиционалниот обичај, во црквата на Света Петка во Скопје сеноќно бдение отслужи Струмичкиот Митрополит г. Наум со свештеномонаси од беровскиот манастир на Пресвета Богородица. На бдението присуствуваше многуброен верен народ од главниот град и Републиката.
„Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек. Кој е единствената радост што ја озарува сета длабочина и ширина на човековото битие кон непрестајно обновување и обожение.“
„...Она што не ги храни сите, што не е радост за сите – за сиот народ - тоа не е ни моја радост. Кога некоја моја радост, па нека и и најголемата, не е радост, храна и утеха за сите, тогаш ни за мене таа не е ништо освен одрекување од ближните и ’рѓа што ме нагризува.“
о. Василиј Гондикакис