Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА (16.05.2014 20:33)

Во изминатиов период, МПЦ-ОА три пати по ред има упатено писмени обраќања до СПЦ, во кои што бара средба, но за жал до денес не добила никаков одговор. Поучени од неуспешната писмена официјална кореспонденција со СПЦ, САС на МПЦ-ОА на 13.05.2014 г. одлучи да оствари и директен контакт со СПЦ. Целта на таа комуникација беше црковна делегација на МПЦ-ОА да отпатува во Белград за време на заседавањето на Соборот на СПЦ и усно да ја изрази својата добра волја и подготвеност за продолжување на прекинатиот црковен дијалог без никакви условувања. Македонските архиереи од своите браќа од СПЦ очекуваат во духот на евангелското братољубие потврден одговор за средба во Белград и опстојуваат на ставот дека меѓуцрковниот дијалог нема алтернатива.

 

Од канцеларијата на САС на МПЦ-ОА