Недела на сите светии во Свети Николе (16.06.2014 16:27)
На 15. 06 2014 година, Недела на Сите Светии, Св. Еразмо Охридски, св. Никифор, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – Осоговски г. Јосиф, Надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, Деканот на Богословскиот Факултет отец Ацо Гиревски и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Николај“ во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија.
Пред Светата Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан го произведе во ипоѓаконски чин, асистент на Богословски Факултет, чтец м-р Кирче Трајанов од с. Немањици – Свети Николе, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин. Пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Истиот ден Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Митрополитите г. Јосиф и г. Иларион и свештеноереиите, освети и постави камен – темелник за изградба на нова црква посветена на „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе, каде исто така одража пригодна беседа и посака ова Богоугодно дело што побргу да се изгради. Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Духовниот Татко на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и на Митрополитот Кумановско – Осоговски г. Јосиф за благословот Божји врз Свети Николе и целата Брегалничка епархија, преку Нашиот Духовен Татко на МПЦ – ОА, а на Иницијативниот одбор за изградба му се заблагодари за упорноста и истрајноста за отпочнување на овој Божји храм. За сите присутни беше организирана заедничка трпеза на љубовта во ресторанот во Македонски стил „Мечкуевска куќа“ во Свети Николе.
Извор: Брегалничка епархија