Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Мултиетнички Младински Иницијативи (09.01.2005)

Во манастирот на Светиот великомаченик Георгиј во Рајчица денес беше реализиран дел од втората работилница на невладината младинска организација ’Толерантнамладина’ – Дебар, чиј работен план предвидуваше комбинирана група од дваесетина средношколци со различна етничка и верска припадност заедно да посетат црква и џамија. Целта на проектот „Мултиетнички Младински Иницијативи“ води кон взаемното откривање на културните поаѓалишта и вредности кај младите луѓе од различни етнички и верски средини.