Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија и осветување на камен-темелник на нов православен храм во Загреб (26.10.2014 12:06)

Во 20-тата недела по Педесетница (26 октомври 2014 г. по Хр.), кога Црквата го слави споменот на светата новомаченичка Злата Мегленска и Светите Отци од Седмиот вселенски собор, во хрватскиот престолен град беше отслужена Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, како и повеќе свештенослужители. Кон литургиското собрание притекнаа и бројни верни чеда на Европската епархија на МПЦ-ОА од различни делови на Хрватска, но и од Австрија, и други европски земји.

По Божествената Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со браќата – архиереи освети и постави камен – темелник за изградба на нов православен храм во Загреб посветен на светата новомаченичка Злата Мегленска, и произнесе пригодно архипастирско слово.

На свештениот и свечен чин на осветувањето присуствуваше и Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Попоски, кој одржа пригоден говор, а од хрватска страна на собраните им се обрати Претседателот на хрватскиот Парламент, г. Јосип Леко.

Фотографии: Заедница на Македонците во Република Хрватска, Црква „Свети Наум Охридски“ – Виена, Австрија