Работилница на тема: „Подобрување на капацитетот и умешноста на претставниците на верските заедници за односи со јавност во средствата за јавно информирање“ (13.11.2014 10:46)
На 13 ноември 2014 година, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ беше организирана Работилница на тема: „ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ И УМЕШНОСТА НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ ВО СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРAЊЕ“. На Работилницата учество зедоа: Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески, како и свештенослужители од епархиите на Македонската православна црква.