Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Paris, Рождество Христово во црквата на Светите Методиј и Кирил (11.01.2005)

Христовото Рождество духовните чеда на Македонската Православна Црква во Париз имаа можност да го прослават на празничните богослужења во црквата на Светите Методиј и Кирил во овој град. Парохискиот свештеник на Македонската православна црковна општина ’Св. Методиј и Кирил’ во Париз, архимандритот Пимен, вечерта на Бадник отслужи Вечерна во чест на Христовото Рождество, а утредента, на првиот ден од празникот, заедно со притекнатиот верен народ принесе Божествена Евхаристија. На оваа празнична Литургија дојдоа стотина верници кои живеат или коишто на Божик се затекнаа во големата француска метропола.

Третиот ден од Рождеството Христово, споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во црквата на Светите Методиј и Кирил во Париз исто така беше прославен со Божествена Литургија. 

 

          

 

 

 

Црквата на Светите Методиј и Кирил, која од денот на Светиот великомаченик Димитриј  (прва Божествена Литургија на 8 ноември 2004 г.) живее како православен храм на Македонската православна црковна општина во Париз, се наоѓа на местото од некогашниот католички храм Notre-Dame des Apôtres, на адресата

 

58 bis, rue Jules Auffret

93500 Pantin

Paris

 

Божествена Литургија во неа се служи во недела и на поголемите празници.

 

Христос се роди!