Чествување на св. Климент Охридски во македонската Богословија (07.12.2014 14:20)
Со Голема вечерна која се отслужи во црквата на Светото Вознесение – н. Драчево започна чествувањето на свети Климент Охридски, патрониот заштитник и прв архиереј на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. На Вечерната чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитите Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Јосиф. Прославата продолжи во средното богословско училиште „Св. Килимент Охридски“ со свечена академија и читање на најдобрите прозни и поетски творби.
Извор: Скопска епархија