Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе новиот број на православното списание „Премин“ (30.01.2015 17:31)

На денот на преподобен Антониј Велики, излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“, којшто е посветен на Старец Ефрем Филотејски и Аризонски, основател на манастирот посветен на свети Антониј Велики во САД, којшто потоа стана расадник на монаштвото низ цела Северна Америка и Канада.

„Секоја работа е второстепена, сè е второстепено. Прво е името на нашиот Христос и сега, со годините што изминале, на дело гледам како само со љубов луѓето можат да победат. Мојот живот беше мака и болка, живеење во сиромаштија за време на Германците, глад за време на окупацијата, искушенија и таги по манастирите. Голема борба. Само името на Христос и на нашата Богородица ме доведуваа до целта. Кој секојдневно не го кажува името на Христос и името на Богородица, не е христијанин“. 

                                                                             од последното интервју со Старец Ефрем Филотејски и Аризонски