Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечена академија по повод 70 години од Првиот Црковно-народен собор (03.03.2015 21:26)

На 03.03.2015 г., по повод 70 години од Првиот Црковно-народен собор за возобновување на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква се одржа свечена академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, на која свое излагање имаа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Претседателот на Собранието на Р. Македонија г. Трајко Вељаноски. Во оваа пригода, претходно во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Мало Повечерие со Акатист на Св. Климент Охридски.

Извор: Скопска епархија