Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ (20.05.2015 15:05)

 

По повод одбележувањето на 24 мај денот на македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, делегација на Македонската православна црква, предводена од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г. Пимен и Епископот Хераклејски г. Климент, а во придружба на свештенослужители и верници од Македонија, замина во посета на Рим и Ватикан, каде што ќе се одржи молебен на гробот на свети Кирил, во базиликата „Свети Климент Римски”.

Претставниците на Македонската православна црква ќе имаат прием и средба со Папата Франциск, а ќе посетат и други институции и институти на Ватикан и Италија.

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ