Осветување на црква во Мајнц, Германија (06.06.2015 11:00)
На 06. 06. 2015 година, во градот Мајнц, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со Митрополит Струмички г. Наум и надлежниот Митропoлит Европски г. Пимен, ја освети новоизградената црква посветена на свети Никола Мирликиски Чудотоворец. На овој свечен чин присуствуваа многу верници од цела Европа, претставници од амбасадите, како и многу други високи функционери и претставници на градот Мајнц.