Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на параклис во Пробиштип во Неделата на сите светии (09.06.2015 10:33)

Во Првата недела по Педесетница, на сите светии (07. 06. 2015 г.), кога Црквата го празнува Третото откривање на чесната глава на св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско – осоговски г. д-р Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф и Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 70 годишниот јубилеј од одржувањето на Првиот Црковно-народен собор во месец март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот параклис во Пробиштип, посветен на свети Климент Охридски, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа.

Митрополитот Брегалнички г. Иларион им се заблагодари на Митрополитите за осветувањето и отслужената света архиерејска литургија. На помагателите на изградбата на на овој параклис им беа доделени благодарници. На чинот на осветувањето и светата литургија присуствуваше многуброен народ меѓу кои и градоначалникот на општина Пробиштип, г. Тони Тоневски, заменик-министерот за одбрана на Р.М., г. Емил Димитриевски, г. Чедо Петров – приватен бизнисмен и други јавни личности.

Извор: Брегалничка епархија