Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на новоизградениот храм на свети пророк Илија во населба Три Чешми - Штип (08.11.2015 17:05)

На 08. 11. 2015 година, Недела 23-та по Педестница, св. вмч. Димитриј Солунски - Митровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум и надлежниот Митрополит Брегалнички Неговото Високопреосвештенство г. Иларион, во сослужение на свештеници од МПЦ – ОА, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот храм, посветен на „Св. пр. Илија“, во нас. Три Чешми - Штип, ктиторско дело на г. Мите Николов со неговото семејството, сопственик на фабриката за производство на маслото „Брилјант“ од Штип. По осветувањето за оваа големо ктиторско дело Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА, г. Мите Николов го одликувше со сребрен Свети Климентов орден од 2 ред, кој му беше предаден од Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, по што Ктиторот г. Мите Николов на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. Пригодна беседа одража Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По осветувањето Митрополитот г. Агатангел, Митрополитот г. Наум и Митрополитот г. Иларион, во сослужение на свештеници од МПЦ – ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополите го пресекоа славскиот колач по повод именденот на ктиторот г. Мите Николов. На чинот осветувањето и Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р г. Илчо Захариев и личности од Јавниот и Бизнис секторот. За сите присутни во дворот на црквата од ктиторот г. Мите Николов беше организирана заедничка трпеза на љубовта.

Извор: Брегалничка епархија