Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на новоизградениот храм, посветен на „Св. цар Константин и царица Елена“, во нас. Балканска – Штип (22.11.2015 12:49)

На 22. 11. 2015 година, Недела 25 - та по Педестница, Препод. Матрона, св. Нектариј Егински, св. Јован Колов, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец Март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот храм, посветен на „Св. цар Константин и царица Елена“, во нас. Балканска - Штип, ктиторско дело на г. Ванчо Богдов со неговото семејството.

По осветувањето пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и за оваа големо ктиторско дело од Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој орден му беше предаден од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, по што ктиторот г. Ванчо Богдов на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. По осветувањето, Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија и го благослови и пресече празничниот леб. На чинот на осветувањето и Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р г. Илчо Захариев и личности од Јавниот и Бизнис секторот. За сите присутни во дворот на црквата од ктиторот г. Ванчо Богдов беше организирана заедничка трпеза на љубовта.

Извор: Брегалничка епархија