Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна и свечена академија на денот на прославувањето на св. Климент Охридски (07.12.2015 23:38)

На 7 декември во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Празнична вечерна богослужба на која во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар. По соборната молитва, во Музејот на македонската борба се одржа свечена академија на која во присуство на: Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-Гостиварски г- Јосиф, на Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј“ г. Владимир Стојковски, како и на бројни професори, јереи, членови на дипломатскиот хор и дејатели на културниот и политичкиот живот, слово произнесоа деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (Универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“) г-ѓа Славица Велева, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски.

 

 

Извор: Скопска епархија