Архиерејска Литургија во чест на патронот на Македонската Православна Црква – Св. Климент Охридски (08.12.2015 23:51)
На денот кога Македонската Православна Црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Струмички г. Наум, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Тетовско - гостиварски г. Јосиф отслужи Архиерејска Литургија во соборниот храм посветен на свети Климент Охридски во Скопје.
Во своето пригодно слово пред присутните верници Митрополитот г. Пимен рече: „Патрон не значи само покровител, застапник или заштитник, и не само учител или наставник, туку и кум, духовен родител и раководител, кој нè раѓа и расте во Христа; а тоа е вистинско предание кое ни го довери свети Климент со своето дејствување однатре, преку преобразување, а никако надворешно со осудување“.
Извор: Скопска епархија