Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свети Трифун (14.02.2005)

Денес во Кавадарци во чест на Светиот маченик Трифун Архиерејска Божествена Литургија отслужи Неговата Високопресоветеност, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки и администратор Повардарски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, а во присуство на бројни свештенослужители и верен народ. На Литургијата, надлежниот архиереј, г. Тимотеј, ги произведе во чин протоереј свештеникот Томе Јованов, архиерејски намесник на Повардарската Епархија, и свештеникот Борислав Лазов, старешина на црковниот храм на Свети Димитриј. По завршувањето на Литургијата архиереите со народот се упатија кон новоизградената административна зграда при црквата на Свети Димитриј - архиереите ја осветија, а на усрдните донатори им беше врачена благодарница од надлежниот Епископ, г. Тимотеј, за со љубов приложените средства. Закројувањето на виновите лози, според обичајот за овој ден, беше исто така извршено.

 

 

 

 

                    

 

 

                        

 

 

                      

           .