Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (10.05.2016 17:22)

Архиепископскиот управен одбор (АУО) Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на своето редовно работно заседание одржано на 10 мај 2016 година во просториите на Македонската архиепископија, искажува загриженост за актуелните состојби во државата и упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за надминување на состојбата во насока на меѓусебно помирување и зацврстување на заедништвото преку одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање. 

АУО ги повикува и сите одговорни лица и институции да сторат усилби за одбрана и сочувување на националниот идентитет, името и опстојување на унитарноста на државата – Република Македонија.