Vesti i nastani
 
 
 
 

 

Божествена Литургија во чест на светите браќа Кирил и Методиј (24.05.2016 19:24)

Во чест на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, на 24 мај во Соборниот храм Св. Климент Охридски се отслужи Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија.

На покана на Македонската академија на науките и уметностите, молитвено зеде учество гостинот од Бугарската Православна Црква Викарниот епископ Тивериополски г. Тихон, кој беше придружуван од Претседателот и членови на Бугарската академија на науките. 

Верниот народ се причести со светите Христови Тајни.