Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на почесен руски конзулат во Охрид (26.05.2016 08:17)

На 25.05.2016 година, во просториите на Конгресниот центар на УКИМ, во Охрид, беа осветени просториите на ново отворениот почесен конзулат на Руската Федерација во Р. Македонија. На осветувањето чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На свеченото отворање присуствуваа: Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,ректорот на Санктпетербуршката академија, Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Петерхофски г. Амвросиј, претставници од Министерството за надворешни работи на Р. Македонија, ректорот на УКИМ Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, којвоедно е и прогласен за почесен конзул на Руската федерација во РМ, амбасадорот на Руската Федерација во РМ, г-дин Олег Шчербак, советникот во Руската амбасада во РМ, г-дин Константин Берсенев,  претставници од Локалната самоуправа и други гости.

 

 

 

Извор: Дебарско-кичевска епархија