Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (12.08.2016 11:02)

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на денешниот одржан координативен состанок во просториите на Архиепископијата, ја разгледа состојбата во поплавените делови на градот Скопје, како и низ Р. Македонија. Исто така, беше разгледан и извештајот од досегашните активности на МПЦ-ОА на терен преку дистрибуција на храна, хигиенски средства, облека и друг вид помош. Беше заклучено дека состојбата бара уште многу вложување на труд, сили и финансиски средства, особено во втората фаза од справувањето со последиците од невремето.

Затоа, МПЦ-ОА донесе одлука да формира солидарен фонд, во кој со свои финансии ќе учествува лично клирот на Црквата, потоа храмовите и манастирите, како и епархиските центри. Овие средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите.

Беше одлучено и црковната кујна при храмот Свети апостоли Петар и Павле" во Ѓорче Петров, покрај секојдневното подготвување на оброци за сиромашните и социјално ранливите категории, да подготвува и оброци за настраданите, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на денот. Се повикуваат граѓаните и компаниите, согласно можностите, да донираат продукти за готвење во црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле" во Ѓорче Петров.