Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Поставен камен темелник на новa црква во Берово (28.08.2016 18:34)

Вчера, воочи празникот на Успението на Пресвета Богородица, во месноста Беровско езеро, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со надлежниот Митрополит Струмички Наум извршија осветување на камен темелник на нова црква посветена на свети великомаченик Пантелејмон. На осветувањето присуствувашаа голем број верници, а ктитор на новата црква е г. Благој Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата.