Известување (03.10.2016 19:57)
На 4 октомври 2016 г., вторник, во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со почеток во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Несвети, а свети“ од епископот Јегоревски, г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил. Промотор на изданието (превод) на современ македонски јазик ќе биде проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На промоцијата ќе биде присутен и авторот – епископот Тихон Шевкунов.
Издавач: Кумановско- осоговска епархија 2016
Со благослов на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф