Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (10.12.2016 15:47)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, упатува апел до сите политички чинители и до граѓаните на Република Македонија за мирни и демократски избори.

Искористувањето на правото на глас истовремено значи и зачувување на демократскиот изборен процес.

Изразуваме надеж дека институциите одговорни за спроведување на изборите ќе го искористат сиот свој потенцијал и капацитет за успешно реализирање на предвремените парламентари избори во Република Македонија и во дијаспората.

Од Канцеларијата на САС на МПЦ