Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“ (29.12.2016 15:46)

Деновиве излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, посветен на свети Нектариј Егински. Заедно со овој број оди и подарок – стихозбирката „Во еден скок“ од Мики Делев.

  

 

 

 

 

Марија, Дево Пречиста, Пресвета Богородице!

Царице, Богомајко Дево, Покрову Кој покриваш сѐ!

Од Силите Небесни повисока, нетварна Светлино!

Радост на хоровите девствени, пославна од Ангелите!

Пречесна Владичице на сите Небесни војски,

Светлино над секоја светлина!

Надеж на сите праотци, на сите пророци исполнение!

Во подвизите Укрепителка, Кивоту на Бог Логосот!

И на девствените ликување и Мајко на убавината!

Целомудрена Наставничке и на душите наши очистување!

Покрову поширок од небeсата и на страдалните прибежиште!

Заштито и Застапничке на немоќните, и Надеж на сите безнадежни!

Марие, Мајко на Вистинскиот Христос Бог!

На Арон процутен Жезол, Саду на тивката радост!

Утехо на сите сираци и вдовици, Помошничке во неволји и бол!

Свештена и Непорочна, Сепрославена Владичице!

Измоли за мене милост од Божјиот Син!

Застапничке на спасението, кон Тебе притекнувам и воскликнувам:

Радувај се, Невесто Неневестна!  

 

Молитва кон Мајката Божја, Свети Нектариј Егински

 

 

 

 

Содржина

 

1. Свети Нектариј Егински: Нектар на Божјата благодат

2. За чистотата и радоста / Свети Нектариј Егински

3. Егина – остров поплочен со цркви и покриен со молитва / Петар Георгиевски

4. Беседи / Митрополит Струмички Наум

5. Еден и единствен / о. Григориј Јакимов

6. Ниту живи, ниту мртви со ФБ / о. Горан Стојчевски

7. Шопенхауер и Православието / проф. д-р Венко Андоновски

8. The Upbringing of Children According to the Holy Fathers of the Church / Fr. Hector Firoglanis

9. „Господи, што треба да направам за да имам живот вечен?“ / игумен Јаков

10. Православното поимање на брачната заедница: „Да направиме како што сакаш ти!“ /
јеромонах Г.

11. Мајките и воспитувањето на децата / Свети Нектариј Егински

12. Духовни аспекти на татковството / д-р Алберт Роси

13. Улогата на мажите / Фредерика Метјуз-Грин

14. За децата / Александар Дончев

15. Еден Е

16. ЈАС-генерација / Ѓорѓи Стојанов

17. Љубовта наспроти законот / Панче Ќосев

18. Бигорскиот манастир – чувар на словенската писменост и јазик (II) /
Невенка Џумурова-Јањатова

19. Помошта на свети Нектариј / Владимир Марковиќ

20. Сѐ или ништо / Јанко Илковски

21. Детско катче: Подарок

22. Житија