Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“ (14.02.2017 18:11)

Деновиве излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, посветен на свети Јован Златоуст. Заедно со овој број оди и подарок, сликовницата „НАЈУБАВАТА МАЈКА“.

 

САМОЖИВОСТ И СЛОБОДА

 

            Прифаќањето и озаконувањето на абортусот како нешто природно и нормално значи надградување и прифаќање на саможивоста, а не на слободата, како принцип на животот. А секој трезвен човек ќе се согласи дека вистинската слобода не се состои во егоистично задоволување на себеси, уште помалку во робувањето на слепиот инстинкт, туку во откривањето и здобивањето на длабоката безгранична смисла на животот. За нас, христијаните, тоа значи откривање на волјата Божја за нас и нејзино исполнување на нас и во светот околу нас. Да се постигне тоа можно е единствено преку почитување на светоста на животот и преку нашето надминување на себеси, но и преку подвижничкото исполнување на Божјите заповеди. Не сум вистински слободен тогаш кога го исполнувам и вршам она што ми го наметнуваат егоизмот и самољубието, туку само кога го правам тоа што го бара од мене пожртвуваната љубов. Единствено така се оправдува и добива смисла самопожртвуваноста за повисока цел, за вистината, за ближниот и татковината, вистинската човечност, чесноста. Далеку од какво било морализирање, уверен сум дека нашиот современ духовен безизлез доаѓа од тоа што во нашето општество сѐ повеќе преовладуваат самољубието и саможивоста. Според црковните отци, самољубието е болна љубов кон нас самите и тоа е корен на сите зла. Цивилизацијата што се темели на саможивоста полека, но сигурно, станува – цивилизација на безизлез.

            Ако е оправдано да се извршуваат абортуси во името на слободата, односно убивањето на најнезаштитените битија, тогаш зошто да не биде оправдано и извршувањето на другите злосторства?

            Со своите сопствени раце ги поткопуваме темелите на нашето општество и создаваме предуслови за разорување и обесветување на сѐ. Нашето младо поколение денес најмногу страда и пати поради тоа што, ние, постарите, му предаваме и му оставаме во наследство едно заболено „општество“, обезбожено и материјализирано, затруено со саможивост и безнадежност.

 

архимандрит Георгиј Капсанис

 

 

Содржина

 

1. Вовед: Слово на Рождество Христово

2. Свети Јован Златоуст: Проповедник на покајанието / игумен Гаврил

3. Patristic Treasury: Homily on Marriage / Saint John Chrysostom

4. Омилитика: Еклисиолошкиот карактер на христијанскиот етос според свети Јован Златоуст /
ѓакон Кирче Трајанов

5. Беседи: Избор / Како да станеме богати / Митрополит Струмички Наум

6. Аскетски огледи: Покајание – Христов ум / јеромонах Г.

7. Историја на Христијанската Црква: Епископијата на свети Климент: нов преглед на еден стар проблем /

д-р Драган Зајковски

8. Богољубиви слова: Како да станеш ништо / проф. д-р Венко Андоновски

9. Пастирско слово: Покајанието како превенција / о. Горан Стојчевски

10. Црквата и медицината: Планирање на семејството или избирање живот /

о. Григориј и д-р Александра Јакимови

11. Црквата за светоста на животот: Саможивоста и слободата / Црквата – Царство на слободата /

Секое дете се раѓа за Него

12. Невидлива војна / арх. Рафаил (Карелин)

13. Црковно право: Озаконето убиство или право на живот / м-р Панче Ќосев

14. Верата и науката: Живототворение / Слободан Тофилоски

15. Православна психотерапија: Можеше да се роди / д-р Дмитриј А. Авдеев

16. Загубено татковство / д-р Винсент Ру

17. Post Fetus / академик Катица Ќулавкова

18. Празнина / Александар Дончев

19. Личноста на неродените / Срцето / Фредерика Метјуз-Грин

21. Сведоштва: Плодови на покајанието

22. Вести од православниот свет: Грузискиот Патријарх Илија II – кум на 29.000 деца

23. Занимливости: Едноставно, чудо

24. Детско катче: Моето чувство за Божик / Лука Митев

25. Поезија: Го одбирам животот... / Маја Филиповиќ