Соопштение од Архиепископскиот управен одбор на МПЦ – ОА (17.05.2017 11:11)
Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на своето редовно годишно работно заседание одржано на 16 мај 2017 година во просториите на Македонската архиепископија, ја изразува својата сериозна загриженост за состојбите во државата и повторно упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за смирување и надминување на состојбата преку меѓусебно помирување и одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање.
АУО ги повикува и сите одговорни лица и институции да сторат усилби за почитување на правниот поредок во Република Македонија, согласно Уставот и позитивните закони.