Vesti i nastani
 
 
 
 
 

50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква (12.06.2017 10:31)

На 11.06.2017 година, по повод 50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, како и по повод 10-годишнината од осветувањето на возобновената манастирска црква „Свети Атанасиј Велики“, во Лешочкиот манастир беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски  г. д-р Јосиф  и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и свештенослужители од повеќе епархии на МПЦ-ОА.  По Литургијата беше отслижена трисагија во чест и помен на упокоените Валаамските монаси, како и во чест и помен на 172 години од упокојувањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, и четири години од упокојувањето на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил. На Литургијата пееше женскиот хор „Менада“ од Тетово, под раководство на маестро Ивица Зориќ.

 

 

 

 

 

 

Извор: Тетовско-гостиварска епархија