Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Демант (06.07.2017 12:06)

Во врска со јавно изнесените напади по интернет порталите, дневниот печат и социјалните мрежи дека Македонската православна црква, односно Скопската православна епархија, извршила набавка на пловен објект-чамец кој чини 180.000 илјади евра, би сакале најостро да ги демантираме овие злонамерни лаги и конструкции.

Имено, очигледно е дека на информаторите единствена цел им е да нанесат штета на угледот и достоинството на Црквата, како и на личноста на Архиепископот. Но заради објективната јавност, ниту Скопската епархија ниту Калишкиот манастир немаат нарачано ниту, пак, платено каков било пловен објект. Во конкретниот случај, станува збор за пловен објект кој е сопственост на фирмата ,,Сис Травел Груп”, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот, по потреба, истиот да го користи.

Ги повикуваме медиумите што пишуваа на оваа тема, доколку поседуваат какви било докази спротивни на овој демант, веднаш да ги објават, а во спротивно, пак, јавно да се извинат за изнесените навреди и клевети. Ако истите не го сторат тоа во следниве три дена, против нив ќе поднесеме соодветни тужби.

 

                                                            Од Канцеларијата на Скопска епархија