Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на манастирска црква во с. Туденце (тетовско) (07.08.2017 14:10)

На 06.08.2017 година, во деветта недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата маченичка Христина, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши осветување на манастирската црква „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце – Тетовско. По осветувањето отслужена Света Златоустова Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Американско-канадски г. Методиј. По Литургијата од страна на иницијативниот одбор за возобнова на црквата беше организирана трпеза на љубовта за сите присутни, и беа доделени благодарници за сите ктитори што ја помогнаа изградбата на овој велелепен храм. На Литургијата проповедаше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој им се заблагодари на сите ктитори-дарители како од Македонија, така и на нашите иселеници од дијаспората во САД. 

 

   

   

     

     

     

 

извор: Тетовско-гостиварска епархија