Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Покана за канонизирањето на Преподобниот Јоаникиј Ракотински (18.09.2017 10:02)

Почитувани,

Ве известуваме дека на 24 септември 2017 година, по повод 50 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонска православна црква, во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски’’ во Скопје, со почеток од 9:00 часот, ќе се одржи настан – Канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински.

По тој повод, МПЦ, под покровителство на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, организира бесплатен автобуски превоз.

Термините и локциите на тргнување на автобусите се следни:

1. Ѓорче Петров

Тргнува од с. Волково последна 22-ка, во 08: 00 часот, попатно застанува на следниве локации:

· Ново Село, веднаш по пругата

· Населба „Даме Груев “

· Ѓорче Петров - црква „Свети Петар и Павле“

· Наспроти Sity mall

· Хотел „Карпош“ (наспроти „Хотел Карпош“ кон центар).

· Гимназија „Јосип Броз Тито“

2. Кисела Вода

Тргнува од последна линија 41 во 7:45 часот, попатно застанува на следниве локации:

· Поранешна последна 41

· Пазарче Драчево

· Пинтија

· Градинар

· 11 Октомври

· Кисела Вода (Катастар)

· Рекорд

· Гимназија „Јосип Броз Тито“

3. Аеродром

Тргнува од последна 5-ка во 08:00 часот, попатно застанува на следниве локации:

· Капитол

· Три бисери

· Транспортен центар

· Југо дрво

· Рекорд

o Гимназија „Јосип Броз Тито“

4. Бутел

Тргнува од последна 57-ца во 08:00 часот, попатно застанува на следниве локации:

· Населба Радишани 3-ти влез

· Населба Радишани 2-ри влез

· Населба Радишани 1-ви влез

· Радишани (на мостот)

· Расадник

· Бутел, по Полицијата

· Пазарче Бутел

· Стара Општина Бутел

· Чаир, кај Комерцијална банка

· Бит Пазар, пред Зегин

· Врти кај Стоковна и оди преку Рекорд на Гимназија „Јосип Броз Тито“

5. Гази Баба

Тргнува од последна 65-ка Стајковци во 08:00, попатно застанува на следниве локации

· Стејковци, сред село

· Ченто, пред бензиската Макпетрол

· Ченто, наспроти пекара 10ка

· Автокоманда, наспроти ЈСП и Алкалоид

· Бит пазар, пред 26 јули

· Рекорд центар

o Гимназија „Јосип Броз Тито“

6. Ракотинци

· с. Ракотинци

o Гимназија „Јосип Броз Тито“