Велика вечерна и помен за архимандритот Јоаникиј Ракотински (23.09.2017 10:29)
„Со чудодејствија разни Христос те почести додека беше во тело, Јоаникие отче, но и сега чудотвориш секому кој пристапува побожно и со љубов ги чествува твоите мошти свештени, Преподобен.“ (стихира на Вечерна)
Со вакви пофални песни и величанија притекнатиот верен народ му пееше на бесребреникот и исцелителот кој лекувал душевно и телесно, лингвистот и учителот во тогашните црковно - народни училишта, богоугодниот архимандрит Јоаникиј од манастирот Св. Илија во с. Ракотинци, Скопско.
На Великата вечерна, која се отслужи во Соборниот храм Св. Климент Охридски, чиноначалствуваше Митрополитот брегалнички г. Иларион, а во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стегфан и други архиереи, свештенослужители од Скопската епархија и гости од соседни помесни православни цркви.
По вечерната богослужба со која и официјално започна канонизацијата на архимандритот Јоаникиј, кој ќе биде впишан во редот на светиите, следеше и последниот помен за преподобниот отец.
Извор: Скопска епархија