Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“ (06.06.2018 13:51)

Неодамна, излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети Василиј Велики.

 

„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото заедничарење, живеејќи болежливо и бесплодно, не знам на каков начин да го завршам животот, зашто останав без својот раководител. Тој и сега сѐ уште ми дели совети, и ако понекогаш ги поминам границите на неопходното, ме охрабрува во ноќните виденија.

Но, ако со пофалбата ги помешам солзите, живописајќи го со зборови животот на овој човек, за подоцнежните времиња налагам општа слика на добродетелта, опис на спасението за сите цркви и души, гледајќи во него како на некој восхитувачки закон, според кој можеме правилно да го уредиме својот живот: можам ли вам, просветлени од неговото учење, да ви дадам некој друг совет, освен непрестајно да го насочувате својот поглед кон него за да можете, гледајќи го него и видени од него, да се восовршувате сѐ повеќе со духот!“

 

Свети Григориј Богослов,
Надгробнo на свети Василиј, Архиепископ на Кесарија Кападокиска

  

 

 

 

 

 

 

Содржина

 

1. Свети Василиј Велики: Богомудар учител на вселената

2. Слово XLIII: Надгробно на свети Василиј, Архиепископ на Кесарија Кападокиска / Свети Григориј Богослов

3. За совршенството на монашкиот живот / Свети Василиј Велики

4. Беседи / Митрополит Струмички Наум

5. Потрага по својата душа / јеромонах Г.

6. „Возљуби го својот ближен како себеси“ / арх. Григориј Настески

7. Премин – колку убав збор е тоа / о. Горан Стојчевски

8. Милоста во судот се пофалува / јероѓакон Анатолиј Бигорски

9. Идеалот на заедничарењето / д-р Жан-Клод Ларше

10. Духовната врска и интелектуалниот круг. Односите учител – ученик во Византија (прв дел) / проф. д-р Георги Каприев

11. Strive After a Quiet Mind / St. Basil the Great

12. Од смрт во живот / д-р Виргилиј Георге

13. Ендокринологија, неврологија и психологија / Повик за умереност / игумен Арсениј Бока

14. Покајание и верност / Фредерика Метјуз-Грин

15. Економичноста како облик на исцелување од болеста на разнебитувањето / академик Катица Ќулавкова

16. Да искрепиш болка / Горан Трајкоски

17. Мојот Бог / проф. д-р Венко Андоновски

18. Чудесни исцеленија / проф. д-р Дмитриј А. Авдеев

19. Сведоштва: Најблиску до Бог

20. Уганда – бисерот на Африка / пастор Филип Иванов

21. Наративните и естетските вредности во филмот „Златна петорка“ / м-р Софија Тренчовска

22. За христијанската димензија во филмот „Златна петорка“ / о. Григориј Јакимов

23. 2049 / Јанко Илковски

24. Нови изданија: „Венец на светоста“ / „Великиот покаен канон“

25. Поезија: Божја убавина