Демант (01.10.2018 13:30)
Почитувани, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, остро ги демантира тврдењата изнесени во текстот на новинарот Мартин Богатиновски, објавен во дневниот весник „Слободен печат“, со наслов „МПЦ-ОА ќе се прекрсти во ОА“. Во овој контекст, ја информираме македонската јавност дека на претстојниот Архиепископски црковно-народен собор, кој ќе се одржи во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта од 5-7 октомври, воопшто на Дневниот ред не постои точка за промена или бришење на називот Македонска православна црква од името на нашата Света Црква. Македонската православна црква е возобновителка на Охридската архиепископија и затоа: Македонската православна црква е Охридската архиепископија и Охридската архиепископија е Македонската православна црква! Со почит, Од Канцеларијата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија