Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Хиротонија на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков (23.11.2018 12:33)

Во сабота, 24 ноември 2018 година, во 17 часот ќе се одржи Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.

Во недела, 25 ноември 2018 г., во 8.30 часот, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча, Архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на САС на МПЦ – ОА ќе отслужи Божествена Литургија на која ќе биде извршена хиротонијата на новоизбраниот Епископ.

Ве покануваме да земете учество во овој радосен настан за нашата Црква.