Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на свети Климент во Драчево (11.12.2018 14:54)

Во предвечерието на празникот на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, во скопско Драчево беше отслужена Вечерна богослужба во црквата Вознесение Христово, а потоа се одржа и свечена духовна академија во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“.

            Вечерната богослужба ја отслужи Неговото високопреосвештенство, Митрополитот брегалнички г. Иларион, во присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан и на Нивните високопреосвештенства: Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. 

            На свечената академија беседеше професор Живомир Јосифоски, по што мини концерт одржа хорот при Богословијата, под диригенската палка на професор Игор Величковски. Потем, беа доделени наградите за најдобрите творби на отворениот богословски конкурс за научни трудови и црковни поеми. Најнакрај, многубројните гости ги поздрави ректорот на Богословијата, Митрополитот Агатангел.