Архиерејска Божествена Литургија во Струмица (11.12.2018 12:04)
Денес, на празникот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во манастирот посветен на овие свештеномаченици во Струмица, Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Епископот Полјански г. Јаков отслужи Архиерејска Божествена Литургија, во присуство на многуброен верен народ, како и на градоначалникот на Општина Струмица, г. Коста Јаневски, членови на Советот на Општина Струмица, пратеници и гости од цела Р. Македонија.