Државниот врв на божикен ручек кај Архиепископот г.г. Стефан (11.01.2019 14:53)
На 9 јануари 2019 година, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден – празникот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв. Божикниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан, во присуство на членови на Светиот Синод на МПЦ – ОА.