Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (18.01.2019 10:52)

Неодамна, излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на светиот апостол Павле. Поради обемноста на собраниот материјал, покрај минатото, и ова издание на „Премин“ е посветено на овој најчудесен апостол Христов.

 

„Неволјите и тешкотиите што апостол Павле ги поднесувал за проповедта ги сакал повеќе отколку што ние ги сакаме почестите; смртта ја сакал повеќе отколку што ние го сакаме животот, сиромаштијата повеќе отколку ние богатството; тагата повеќе отколку другите радоста, а молитвата за непријателот повеќе отколку другите молитвата против непријателот. Така, тој го преобраќал поредокот на нештата, или подобро кажано – ние сме го преобратиле, а тој го сочувал таков каков што го востановил Бог. Сето тоа прво е природно, а последното спротивно. Кој е доказот за тоа? Павле, кој бил човек, повеќе го барал првото отколку последното. Само едно било страшно и опасно за него – да не Го навреди Бог, и ништо повеќе; тој не копнеел по ништо друго, освен тоа да Му угодува на Бог; не велам не копнеел по ништо од сегашноста, туку не посакувал ништо ни од идноста. Не ми кажувај за градови, народи, цареви, војски, оружје, богатство и власт – тој тоа не го сметал дури ни за пајажина, туку замисли го она што е на небесата, па тогаш ќе ја увидиш силата на неговата љубов кон Христос“ (свети Јован Златоуст). 

 

 

 

Содржина

 

1. Вовед: „Вие сте нашето писмо“

2. Житие: Свети апостол Тимотеј најверниот сотрудник на апостол Павле

3. Зашто во себе го имаше она што е повисоко од сè – љубовта Христова / Свети Јован Златоуст

4. Дваесет и осма беседа / Свети Григориј Палама

5. Беседи / Митрополит Струмички Наум

6. Синови на Отецот Небесен / Епископ Полјански Јаков

7. Невозможна можност / јеромонах Тит

8. Разликите помеѓу луѓето – извор на заемна љубов / д-р Жан-Клод Ларше

9. Пустошење на човековата природа во Адам / Природно и противприродно /
игумен Арсениј Бока

10. Свети апостол Павле континуитет на христијанскиот идентитет / о. Горан Стојчевски

11. Зошто е тешко да се прифати прошка од Бог? / Фредерика Метјуз-Грин
12. Where the Spirit of the Lord Is, There Is Liberty / St. Paul the Apostle

13. Осврт кон еклисиологијата на апостолот Павле / ѓакон, м-р Кирче Трајанов

14. Никита од Маронија – посебен поглед кон Западот / проф. д-р Георги Каприев

15. Репортажа Малта: По патеките на светиот апостол Павле... / м-р Панче Ќосев

16. Болеста е посета Божја (II дел) / проф. д-р Дмитриј А. Авдеев
17. Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици / Ивана Милева

18. Да не бидеме наивни / Татјана Петраке

19. Симболизмот на Рождеството Христово / Џонатан Пажо

20. За светоста на природата и за гревот кон неа / Крум Велков
21. Вести: Хиротонија на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков

22. Сведоштва: „Глад“

23. Домашна аптека

24. Житија на сотрудниците на светиот апостол Павле (II дел)

25. Детско катче: Кромид, лук и пиперка / арх. Клеопа Илие
26. Нови изданија: „Житија на светиите“ за октомври
27. Поезија / Мики Делев