Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на свети Гаврил Лесновски во Лесновската обител (28.01.2019 23:32)

По повод празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и викарниот Епископ Полјански г. Јаков, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија. Содражајна и поучна беседа одража Епископот Полјански г. Јаков. На Светата Литургија, покрај многубројниот православен народ присуствуваше и заменик-министер за локална самоуправа г. Дејан Павлески, градоначалникот на Општина Пробиштип, г. Драган Атанасов, како и други јавни личности.

Извор: Брегалничка епархија