Средба на премиерот Заев со поглаварите и претставници на верски заедници во Република Македонија (06.02.2019 21:59)
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополитот Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, заедно со поглаварите на верските заедници застапени во Уставот на Република Македонија, оствари средба со Претседателот на Владата на РМ, г. Зоран Заев.
На средбата е разговарано за актуелни прашања од значење за верските заедници. Изразена е заедничка согласност дека при функционирањето на државниот систем и на верските заедници треба да се почитува секуларниот карактер на државата, како што е предвидено со Уставот на Република Македонија. При тоа, разгледани се можности за подобрување на законските решенија во насока на унапредување на верските слободи и права.