Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Промоција на книгата за Царското семејство Романови (05.04.2019 16:33)

На 4 април 2019 година, Руската Амбасада и Повардарската епархија организираа промоција на книгата за Царското руско семејство Романови – „Љубовта е посилна од смртта“, во издание на издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Оваа промоција се одржа во Музејот на македонската борба, а се организираше во спомен на 100-годишнината од убиството на Царското семејство Романови. На настанот говореа Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција г. Сергеј Баздникин и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Покрај промоцијата на книгата, беше организирана и изложба на слики од Царското семејство. На промоцијата присуствуваше дел од дипломатскиот кор во земјава, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и бројно свештенство. За издавањето на оваа книга на Повардарската епархија, односно на Митрополитот Повардарски г. Агатангел му беше доделена благодарница од Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил. Преводот на книгата го направи протоереј Борислав Бобевски.