Архиерејска Божествена Литургија во Православната Богословија во Скопје (19.05.2019 17:55)
На 19 мај 2019 година, во Неделата на раслабениот, Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Архиерејска Божествена Литургија во параклисот на Православната Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје. Архиепископот г.г. Стефан на Богословијата ѝ подари дел од моштите на свети Јоаникиј Ракотински, Митрополитот Повардарски г. Агатангел донесе честички од моштите на свети Агатангел Битолски, свети Петар Атонски и еден непознат маченик, а Митрополитот Брегалнички г. Иларион донесе дел од моштите на светиот епископ Гаврил Велички.
Избор: ФБ страницата на МПБ „Св. Климент Охридски“ Драчево