Средба на Архиепископот г. г. Стефан со Амбасадорот на САД во Р. С. Македонија (24.07.2019 21:04)
На 24. 07. 2019 година, во просториите на Македонската Архиепископија, се оствари средба меѓу Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, амбасадор на Соединетите американски држави во Р. С. Македонија.
За време на разговорот, Неговото Блаженство ја запозна Нејзината Екселенција со историјата и духовниот живот на МПЦ-ОА во земјата и дијаспората, посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија за време на нејзиниот мандат.