Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Организирана еднодневна екскурзија во Маврово (12.08.2019 19:08)

Со благослов на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф беше организирана еднодневна екскурзија во Маврово за лицата со посебни потреби од Дневниот центар „Порака“ – Неготино. Лицата и воспитувачите од страна на свештениците од Гостиварското намесништво беа запознаени со духовните и природни богатства во Мавровскиот регион, беа организирани забавни активности, и на крај беше организирана трпеза на љубовта.