Свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот (29.08.2019 18:51)
На 29 август 2019 година, кога Црквата го прославува споменот на свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
За несебичното залагање и афирмација на МПЦ – ОА, Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА го одликуваше г. Страшо Јакимовски, со највисокото одликување во МПЦ – ОА, орден на свети Климент Охридски од прв ред.